ВОДИЧ ЗА БУЏЕТСКИ ПРОЦЕС НА ЛОКАЛНО НИВО-ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО
Во рамките на проектот „Јавни пари за јавно добро“, Мрежата на ЛАГови со стручна поддршка од експерти од Правен факултет од Битола, подготви Водич за буџетски процеси на локално ниво – транспарентност и граѓанско учество.
Целосниот Водич превземете го од следниов линк:
https://drive.google.com/file/d/1vPhRMTe4mRdRwV2yspyfzMQZlZMZ3xRE/view

И оваа зима Битола е под “бела завеса” од нечист возух. Мерните станица секојдневно регистрираат загадување над дозволените граници, така да воздухот во Битола е над европскиот стандард – од аспект на загадувањето. Особено во зима мерните станици бележат алармантни состојби, како последица на индустријата, а и на греењето на дрва кое во непостоење на поекономично решение, на граѓаните им е економски најисплатливо иако е еколошки најнеприфатливо. Во извештаите како причини за тоа што македонските граѓани и во 21ви век, кога решаваат на што да се греат, приоритет му даваат на дрвото, се посочуваат високите цени и лошиот квалитет на снабдувањето со централно греење, скапата струја и непостоење на развиена мрежа за гас.
Истражувањата покажуваат дека едно огниште загадува колку 1000 автомоили, а ако се земе во предвид дека околу две третини од домаќинствата во Битола се греат на дрва, тогаш станува неоспорен фактот колку греењето на дрва придонесува за загадувањето на воздухот. Постојат податоци дека околу 70% од ситната суспендирана прашина во возухот со дијаметар околу и помал од 2.5 микрометри е резултат на согорувањето на дрва за затоплување, а важно е да се напомене дека дел до огревното дрво е со висок процент на влага што резултура со зголемена емисија на ПМ честички. Ваквите ПМ честички поради нивната големина лесно навлегуваат во крвотокот и се причинители за респираторни и кардио-васкуларни заболувања.
Проблемот со користење на огревно дрво за затоплување во Битола постои одамна и во моментов сеуште не е на повидок решение. Во план е развивање на гасоводната мрежа во земјата со што би се зголемила потрошувачката на природен гас и огревното дрво за затоплување би се заменило со греење на гас, меѓутоа додека да се развие гасоводната мрежа потребни се привремени мерки за намалување на загадувањето како резултат на користење на огревно дрво за затоплување.
Воведувањето на мерки за субвенционирање на промена на начинот на греење на македонските домаќинства конкретно од дрва на пелети или користење на електрична енергија како еколошки најприфатливо решение е чекор напред во борбата против загадувањето. Лтернатива за семјствата кои се греат на дрва е енергетската ефикасност, зашто е потребна финансиска поддршка од државата. Доколку се обезбеди субвенција за вградување на топлински пумпи, фотоволтаици и/или колектори би имало идеално позитивни резултати.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги посочува локалните власти како одговорни за дефинирање на мерки за справување со загадувањето како резултат на користење на дрво за огрев, така да локалната самоуправа на Општина Битола треба во своите планови да предвиди конкретни мерки за оваа проблематика и да обезбеди средства за реализација на тие мерки.
Главен предизвик е подигнувањето на свесноста кај секој од нас за нашиот придонес во загадувањето, и колкава и каква штета загадениот воздух нанесува на нас како поединци а и на развојот на државата. Новата година веќе започна, очекуваме да видиме што локалната власт планира во своите програми за заштита на животната средина и намалување на аерозагадувањето да спроведе.
Единствениот начин е сите ние заедно со институциите да го обезбедиме патот до чист воздух, зошто од нас зависи каков воздух ќе дишеме.
Мрежа на ЛАГови
Транспортот и загадувањето во Битола
Иако транспортните средства не се примарни загадувачи, сепак тие се идентификувани како загадувачи кои даваат свој придонес во аерозагадувањето. Во Битола каде аерозагадувањето има доминатни причинители, цврстите честички исфрлени од издувните емиси на транспортот,особено од дизел возилата го зголемуваат негативниот ефект особено при зголемено загадување на воздухот.
И покрај миграцијата со која се соочуваме насекаде во земјава, податоците за регистриран број на возила во Битола од околу 30 000 возила, не укажуваат на постоење на тенденција на намалување. Особено важно е да се напомене дека повеќето од возилата се дизел и се постари од 15 години. Дизел возилата во кои спаѓат најголемиот број на возила во Битола, вклучително и јавниот превоз и товарните возила покажуваат високо ниво на емисија на азотни оксиди и цврсти честички коишто го следат тоа, тоа што го познаваме како PM. Ако на сето ова се додаде и фактот дека моторите и системите за издувна емисија во земјава не секогаш се сервисираат прописно, издувната емисија на гасови е далеку поголема споредено со новите возила.
Свесни сме дека локалната самоуправа не може да влијае на воспоставување на целосен систем за намалување на загадувањето од транспортните средства, меѓутоа Општина Битола како една од поголемите општини која треба да обезбеди современа транспортна мрежа, треба да се фокусира кон осигурување на подобар јавен транспорт. Во оваа насока јавниот транспорт би се реализирал со автобуси на гас кои се чисти и еколошки. Општина Битола би требало да го следи примерот на својот сосед – Општина Прилеп која со набавката и вклучувањето на автобуси на метан во јавниот транспорт забележа голем позитивен напредок во воспоставување на еколошка транспортна мрежа.
Важно е да се напомене дека е неопходност е промовирањето, но и создавањето на услови за зелен транспорт, преку обезбедување на велосипедски и пешачки патеки кои ќе им овозможат на луѓето преку физичка активност и рекреирање да дадат свој придонес кон намалување на загадувањето на животната средина.
Општина Битола како и секоја друга општина треба да започне со активности и да создаде услови и мотивација за секој граѓанин совесно да се активира за зачувување на животната средина.
Ние, граѓаните чекаме знак за старт!

Битола за здравјето на граѓаните ќе мисли подоцна!
Општина Битола како да ги заборави најгорливите проблеми со кои се соочува – загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина, па одлучи да биде пасивен набљудувач на загадувањето на животната средина, особено загадувањето на воздухот кое јасместува Битола на црната листа на најзагадени градови во светот.
Иако споредМинистерството за животна средина во Битола многу често е измерено многу високо загадување со ПМ10 честичките во индустрискиот дел на Битола и исто така многу високо загадување и со ПМ2,5 и ПМ 10 честичките во центарот на градот и иако се идентификувани загадувачите и решенијата, реализацијата на планираните акции и стратегии е засенета и одложена. Разочарувачки делува податокот дека од вкупниот буџет на општината само 1.3 проценти односно околу 24 милиони денари се предвидени за мерки за заштита на животната средина, што е помалку за околу 5 милиони денари споредено со буџетот за 2018 година, што проследено со податокот колкав дел од овие средства се потрошени за реализција на предвидените мерки и активности укажува дека здравјето на граѓаните во Битола е во заден план.
Неспорен е фактот дека освен индустријата, и самите граѓани имаат удел во ваквата ситуација и дека неопходност е воспоставување на механизам за решавање на идентификуваните проблеми сега и веднаш.
Здравјето на граѓаните не може да биди оставено за подоцна, туку треба сега и веднаш да се започне со преземање на крупни чекори.
Неопходно е и воспоставување на соработка на општина Битола со граѓанскиот сектор за заедничко креирање на мерки и активности во насока на разрешување на одредени проблеми од областа на животната средина кои ќе бидат целосно насочени кон остварување на реални и мерливи резултати, и континуирано ќе ја следат и ќе ја прикажат реалната слика со загадувањето без суфикси и придавки.
Граѓанскиот сектор е спремен активно да делува, не во насока да критикува туку да придонесува и реализира.
Општина Битола- твоја обврска и надлежност е да започнеш со акција.
Автор: Мрежа на ЛАГ-ови